Ги мачеле па ги запалиле - убиени двајца Европејци на Мадагаскар

Инцидент се случил на плажа на Мадагаскар. Гневна толпа жители убила двајца Европејци бидејќи мислеле дека се шверцери на човечки органи.

Засега не е познат идентитетот на жртвите, а грозоморното убиство се случило откако едно исчезнато осумгодишно дете било пронајдено мртво со отсечени гениталии и јазик, за што полицијата уапси едно лице.

Разбеснетата толпа во знак на протест запалила неколку згради сакајќи да му се одмазди на уапсениот. 

Локалните медиуми тврдат дека гневната толпа се покренала откако во еден фрижидер во зградата каде живееле Европејците, биле најдени човечки органи. Двајцата странци прво биле измачувани за да ја признаат вината, а потоа брутално убиени и нивните тела запалени. 

03.10.2013 - 15:04

најчитано сега