ФОТО: Жерновски му објави паркинг војна на Град Скопје
“Сторивме се’ за да ја избегнеме војната, која се очекуваше. Направив се’ затоа што војната можеше да се избегне и можевме да се договориме“, изјави денеска градоначлникот на Центар, Андреј Жерновски, на улицата каде вработени во Улици и патиша почнаа со отстранување на бесправно поставената хоризонтална сигнализација од општина Центар.
Жерновски нагласи дека ќе ги брани законите во Град Скопје и во Република Македонија.
Од Град Скопје за Press24 велат дека проблемот со општина Центар датира уште од времето на претходниот градоначалник Тодоровиќ. Од таму додаваат дека општина Центар нема дозвола за поставување на хоризонтална сигнализација и обележување на паркинг просторот и дека на граѓаните бесправно им се напалтува за паркинг. Тие додаваат дека постапуваат согласно барање на МВР.