Поранешниот британски премиер Тони Блер советник на албанската Влада

Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе биде советник на албанската Влада за прашањата поврзани со ЕУ интеграциите. 

Како што изјавува албанскиот премиер Еди Рама, Блер со своето исклучително искуство и политичката генијалност ќе и помогне на албанската Влада.

Инаку, Рама кој од неодамна стана премиер на Албанија вети дека неговата Влада ќе создаде 300.000 работни места и ќе ја намали сиромаштијата.

 

03.10.2013 - 13:15

најчитано сега