Инцидент во касарната Илинден: Ранет припадник на Тигрите

Припадник на единица за специјални задачи „Тигар“ е повреден од истрел на огнено оруже попладнево во касарната „Илинден“.

Од Министерството за внатрешни работи за Нетпрес го потврдуваат случајот. 

- „Околу 15 часот пријавено е дека во касарната „Илинден“ полицискиот службеник З.М. при подготовка на оружјето за чистење го погодил полицискиот службеник Ц.А. кој бил во истата просторија. Ц.А. е префрлен во Клинички центар“, посочија од МВР за „Нетпрес“.

Се очекуваат повеќе детали.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2019 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега