Врие полиција на влезот на Рашче по убиството

Едно лице е убиено во пукотници кои денеска попладне се случиле во скопското село Рашче, дознава Press24 од полициски извори.

Според нашите информации, во сега убиениот е пукано од џип во движење со бугарски регистерски таблички. 

Се работи за постаро машко лице кое попладнево е убиено во вооружениот напад на влезот на скопското село Рашче, а како што изјави порптаролот на МВР, Тони Ангеловски за МИА, екипи на МВР се упатени на местото на настанот и вршат увид.

Повеќе детали се најавуваат за подоцна. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега