И таткото и детето починале на лице место во Слупчане - Биле изрешетани со повеќе куршуми

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на село Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.

 На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега