Двајцата браќа осомничени за напад врз полицаецот Филип остануваат на слобода

Браќата Александар и Јордан Цветковски - осомничени за нападот на полицискиот сллужбеник Филип Филиповски - остануваат на слобода, објави ТВ24. Кривичниот совет попладнево ја отфрли жалбата на ОЈО за притвор на синовите на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, и со тоа ја потврди одлуката на судија на претходна постапка. На двајцата браќа одземени им се пасошите, не смеат да го напуштат Скопје, не смеат да му се приближуват на проподениот полицаец и треба еднаш неделно да се јавуваат во суд – одлучи Кривичниот совет.

Филиповски беше прободен со нож во угостителски објект на 23-ти март во скопско Марино. Тој 11 дена по нападот помина во болница борејќи се за живот, остана без еден бубрег и слезина, но за среќа сега неговата здравствена состојба се подобрува. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега