Баба оставила порака до крадците: Веќе се е украдено!

Осумдесет и двегодишната пензионерка Рене, решила да им остави порака на крадците кои минатата година трипати и ја ограбиле куќата.

Според пишувањето на француските медиуми, старицата на влезната врата од својата куќа им оставила порака на крадците:

„Господо крадци, нема потреба да ги кршите вратите и прозорците. Оние кои што беа пред вас, се однесоа“.

 Рене живеела сосема безбедно, се до април минатата година, кога во рок од пет месеци, нејзината куќа била три пати ограбена. Сега таа се надева дека со поракава ќе успее да ги одврати, и можеби ќе престанат да и влегуваат во куќата.

02.10.2013 - 12:53

најчитано сега