Месиќ осомничен за земање мито

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и поранешниот директор на претпријатието „Ѓуро Ѓаковиќ“ Бартол Јерковиќ, осомничени се за земање мито од тројца менаџери на финската компанија „Патрија“ во случај на набавка на воени возила во Хрватска во 2007.

Тие преку посредник договориле и земале мито за свој ангажман во набавка на оклопни возила.

За загребскиот неделник „Глобус“, оваа вест ја потврдиле двајца клучни Финци во случајот „Патрија“ - главниот државен обвинител Јука Рапе и главниот инспектор на Националното биро за истрага Кај Ерик Бјерквист.

 Државниот т обвинител напомена дека финските правосудни тела нема да преземаат никакви правни чекори против хрватски државјани, туку оти тоа е должност на хрватското Државно обвинителство.

02.10.2013 - 12:34

најчитано сега