„Вози мотор, но биди безбеден“

Во рамки на поширокиот проект „Полицијата и граѓаните заедно“, Отсекот за превенција при Единицата за БПС во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија во просториите на СВР Скопје ја реализираа проектната активност насловена „Вози мотор но биди безбеден“.

Oдржана е сообраќајна поука за граѓани од Скопје кои сториле сообраќаен прекршок како возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди и  мотоцикли, а учествувал и претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Ленин Јовановски, воедно и претседател на мото-клубот „Ноќни волци“.

Јовановски, од свој аспект на присутните граѓани им пренел дел од своето искуство како долгогодишен возач на мотоцикл, и дал препораки како да се однесуваат во сообраќајот за да ја подобрат сопствената безбедност, како и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Од почетокот на сезоната на возење мотори во 2013 година Отсекот за превенција при ЕБПС во СВР - Скопје, релизираше вкупно шест сообраќајни поуки за возачи на мопеди и моторцикли на кои беа повикани вкупно 212 граѓани.

01.10.2013 - 12:41
Фото: 
тинрадио

најчитано сега