Почна пописот на насалението во БиХ

По  22 години, утрово во 9 часот почна пописот на населението во Босна и Хецеговина.  Пописот ќе трае секој ден од 9 до 21 часот  се до 15 октомври, јави Анадолија.

Босна и Херцеговина за првпат ќе добие конкретна демографска и економска слика на населението, како и голем број други статистички податоци потребни за соодветен развој на државата. Пописот ќе овозможи и исполнување на неколку услови на патот на БиХ кон европските интеграции. 

Во пописот ќе учествуваат 25.000 лица, од кои околу 19.000 попишувачи, контролори и резерни попишувачи. Законот за попис предвидува буџетот за пописот да изнесува 46 милиони конвертибилни марки, односно околу 23 милиони евра. Првите резултати од пописот ќе бидат познати во јануари идната година.

01.10.2013 - 10:43

најчитано сега