ФОТО: Има 12 години а се грижи за децата-бедозници да не бидат голи и боси

Николас Ловинџер кога имал пет години посетил дом за бездомници заедно со неговата мајка.  Тој бил многу возбуден бидејќи ќе се пофали дека има нови чевли, но неговата мајка го искарала и му рекла дека не убаво да се фали бидејќи овие дечиња немаат пари за да си дозволат такви чевли. Кога ги видел децата сфатил за што му зборела мајка му.

По оваа посета малиот Николас почнал да ги донира сите свои стари чевли, но подоцна сватил дека тоа ио не е така добра идеја бидејќи сите носат различен број и дека секој ќе се чуствува неудобно во нив.

Во 2010 година, на возраст од само 12 години, Николас започнал програма која донира нови чевли за децата-бездомници. Со помош на своите родители, тој ја основал фондацијата која од 2010 година донирала нови чевли за над 10.000 деца без дом во 21 држава во САД.

„Никој не е премногу млад или стар за да им помага на останатите. Децата не разбираат секогаш дека имаат моќ да направат разлика. На децата им порачувам да пронајдат страст, да имаат големи идеи и да дејствуваат. Децата може да направат огромни промени во овој свет“, вели Николас.

30.09.2013 - 13:26