Водата во пластично шише содржи 25 илјади хемикалии

Без вода не можеме да опстанеме поради тоа сите носиме бареме по едно шише вода со нас, водата во пластично шише не е добар избор.

Според едно германско истражување во едно пластично шише постојат дури 25 илјади хемикалии. Некои од тие хемикалии особено се опасни за човечкиот организам.

Како што пишува списанието PLoS One, научниците анализирале 18 различни примероци вода кои можат да се купат во Франција, Италија и Германија. После серија сложени анализи, откриле дека поголемиот дел од водата во шишето содржат разни хемикалии, поточно дури 24.520 различни хемикалии. Воочено е дека во водата се наоѓаат и хормони кои можат да ја нарушат човечката хормонална рамнотежа.

Научниците порачуваат дека иако присуството на хемикалии не значи дека веднаш може да се развијат тешки болести, сепак ова е едно многу вознемирувачко откритие. Особено загрижуваат хормоните кои можат да влијаат на репродуктивниот систем кај жените, особено во помладата возраст.

 „Прерано е да се донесуваат некои конкретни заклучоци како сите хемикалии влијаат на здравјето. Потребни се дополнителни истражувања. Но, сигурно можеме да речеме дека водата во шишиња не дејствува благотворно на човечкото здравје“, истакна Брус Блумберг од Универзитетот  Калифорнија – Ирвин.

30.09.2013 - 11:46

најчитано сега