Југо усмрти пешак во Македонски Брод

Синоќа околу 19 часот се случила страотна сообраќајна несреќа во Македонски Брод, кај селото Звечан, во која за жал едно лице го загубило животот.

 До несреќата дошло кога автомобил марка Југо кој бил управуван од 38-годишен жител на селото, удрил во 57-годишниот В.В. кој веднаш бил пренесен во болница, но за жал им подлегнал на повредите. 

Телото на починатиот е предадено на обдукција.

 

30.09.2013 - 11:08