СДСМ: Граѓаните ќе го изберат Стево за вистински претседател што ќе води државата кон ЕУ и НАТО

Матрицата  на груевизмот, што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја држеше во изолација и неизвесност, се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа се гледа и од начинот на делување но и од речникот на ВМРО-ДПМНЕ полн со црнила, крв, обесчестувања...мракови.

Не е добро тоа што професорката Силјановска му се поклонува на таквиот начин на делување и таквиот речник на комуникација но тоа граѓаните го отфрлаат.

Од една страна се демократските и прогресивни сили во државата предводени од СДСМ кои работат на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО.

Од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.

Затоа, на престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат напредок и ќе ги поразат остатоците од груевизмот.

Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани“, стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2019 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа