ФОТО: Шверцерка на дрога прогласена за Мис меѓу затвореничките
Прекрасната латино убавица Татијана Нориега која служи седумгодишна затворска казна поради крумичарење на дрога беше прогласена за најубава во изборот на кралица на убавината натпревар кој веќе 18 години се одржува во женскиот затвор Буен Пастор во главниот град на Колумбија.
Во жирито учествуваат познати личности од светот на музиката.
Овој ден затвореничките, од кои поголем дел се на отслужување казна за учество во нелегална трговија со дрога или чекаат на судење на кратко можат да заборават каде се наоѓаат, да се потсетат дека се жени и да уживаат во гламурот и елеганцијата.
Чуварките постојано учествуваат во подготовка и организација на натпреварот. Покрај категоријата немажени натпреварувачки има и категорија на натпреварувачки за титулата „кралица мајка“, меѓу кои годинава се најде Марија Кристина Виљареал (56), мајка на три деца и баба на девет внуци, осудена за криумчарење дрога.