Кили доби обвиниение - во болница е поради скршена рака

Јавното обвинителство денеска поднесе обвинение за неовластено производство на марихуана, јавува Канал 5 повикувајќи се на официјални извори. Телевизијата објавува дека Обвиниелството му предложило на судот и да му го пролжи притворот на актерот.

Кили утрово беше префрлен во клиниката за Трауматологија.

Кили е во болница бидејќи уште пред да биде притворен ја скршил раката, па сега оди на редовни прегледи кои му биле од претходно закажани. Ова за Канал 5 го изјавила директорката на Истражниот затвор. Тој претходно одеше на испитувања на Онкологија поради туморот. 

Тој веќе трета недела е во затвор. Неговиот адвокат бара да му се укине мерката притвор поради здравствената состојба. 

Во истото дело осомничен е и неговиот брат кој не е достапен за полицијата. 

Кили беше уапсен со 80 саксии марихуана.

27.09.2013 - 15:12