Српската пејачка Леонтина ќе пее за Македонија на Евровизија
Нашата евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ веќе извесно време не се одвојува од колешката Леонтина Вукомановиќ. Двете се најдобри другарки, постојано се заедно на сите јавни случувања во српската престолнина, каде што Тијана живее долги години, а освен тоа, пејачките планираат и соработка.
Тоа значи дека српската пејачка ќе ги брани боите на Македонија следната година на 59. Евровизија во Копенхаген и ќе и пее придружни вокали на Тијана.
"Леонтина и сестра ми Тамара ќе ми ги пеат придружните вокали", рекла Тијана, а бившата девојка на Жељко Јоксимовиќ само потврдила.
27.09.2013 - 01:08