ФОТО: Македонски полицајци однесоа храна и лекови на завеаните во Киселица и Селник
Денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот од страна на униформирани полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Исток, во селата Киселица и Селник, во близина на државната граница со Република Бугарија, извршена е посета на постари лица кои живеат сами во оддалечени средини на селата Киселица и Селник, кон кои е отежнат пристапот поради снегот.
Доставена им е храна и лекови и оставени контакт телефонски броеви за комуникација доколку имаат некаква потреба.
____________________________________________________________________________