Маж од Карпош и тинејџер од Злетово нападнати од кучиња

Две лица нападнати од кучиња во текот на вчерашниот ден, едниот случај во Скопје, другиот во Пробиштип.

„На 16.01.2019 година во 20:30 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(32)од Скопје пријавил дека на 14.01.2019 година околу 22.30 часот на улица „Леринска“, додека се движел со неговото куче, бил  нападнат  и  каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

На 16.01.2019 година околу 16:47 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека 16-годишник од село Злетово, пробиштипско околу 16:00 часот во село Злетово бил каснат од куче.“ соопштија од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега