Тетово: Направиле сообраќајка и констатирале дека нема штета, но сепак се предомислил и се вратил па почнал да пука

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 65- годишниот С.Д од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

„На 26.11.2018 година околу 10.35 часот на крстосница од улиците „Благоја Тоска“ и „Љ.Б.Пиш“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел корса“, управувано од пријавениот и патничко возило „Фолсваген Пасат“, управувано од М.М. од Тетово. Откако двајцата увиделе дека нема видлива материјална штета на возилата, го напуштиле местото. По ова, на околу 30 метри од местото на настанот, пријавениот застанал со возилото и забелажал дека сепак на него имало предизвикана материјална штета, се вратил на крстосницата и со пиштол испукал четири куршуми во воздух.“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега