Несреќа на автопатот Тетово-Скопје: Три лица завршија во болница

 

Три лица се здобиле со повреди при сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје. Вчера во 13:40 часот, после клучка Групчин, патничко возило ,,Фиат пунто“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Х.И. од село Дебреше, гостиварско, излетало од патот и удрило во заштитна ограда. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 45-годишниот Ш.Х. од село Дебреше, додека другите сопатници А.Х.(26) и О.Х.(20) се здобиле со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега