ВИДЕО: Јa зграпчи новинарката за гради додека известуваше во живо

Новинарката Сабрина Родригез успеа да остане смирена откако при директно известување од зоолошка градина, мајмун од видот бабун за зграпчи за градите.

Сабрина известувала од фестивалот Лоди Грејп во Сакраменто кога во кадарот и  се придружил бабунот и во таа прилика ја фатил за гради.

Таа се обидела да му ја тргне шепата од градите, но неуспеала бидејќи бабунот Мики бил упорен во својата намера, а на видеото се гледа и дека ужива во тоа бидејќи не ја симнува насмевката од лице.

Новинарката остана мирна и професионална, па дури и се пошегува на своја сметка: Мики се обидува да види какво чувство е тоа, рече таа.

По кусото известување во живо, таа се одјави, а и Мики се засити па ја остави новинарката на мира. 

26.09.2013 - 23:53

најчитано сега