Снимале спот во Охрид им се превртел глисерот и сите завршиле во вода

Дечките од Екстра бенд имале мал инцидент за време на снимањето на спот за песната "Главна дама". Имено, додека со глисер се возеле по езерото за да направат кадри, се превртеле и сите 15-мина завршиле во вода, пишува Вечер

"Поради големите ранови и неконтролираната брзина во Охридското Езеро се прврте глисерот со 15 лица кој беа дел од спотот, за среќа, до нив имаше друг глисер и сите беа префрлени и безбедно извадени на копно. Работата беше накусо прекината, но потоа продолживме да снимаме кадри во напуштена фабрика во селото Куратица", велат дечките од Екстра бенд. 
Зад реализацијата на видеото се потпишува ЕВ продукција

26.09.2013 - 23:47

најчитано сега