Светски позната тенисерка го претепала својот сопруг

Некогашната светска тенисерка Мартина Хингис заедно со својата мајка и очувот го претепала својот сопруг.

Деновиве светските медиуми ја пренесуваат изјавата на сопругот на тенисерката, кој тврди дека бил претепан оваа недела во нивниот стан. 

Тенисерката не се задоволила само со тоа што го истепала сопругот, туку му ги собрала и кредитните картичк и пасошот за тој да не замине некаде. Кога забележал дека му ги нема парите и пасошот, сопругот веднаш случајот го пријавил во полиција.

Од друга страна, потпаролот на тенисерката ги отфрлил овие тврдења и изјавил дека ова се само „глупости“.

26.09.2013 - 14:26