Осумнаесет лица починаа од убод од стршлен во Кина

Жителите на Пекинг преживејаа вистински хорор. Голем број стршлени во последниов месец ги нападнаа жителите, при што 18 лица ги загубија животите.

Здравствените власти на Кина изјавуваат дека во последните неколку месеци во ова подрачје повеќе од сто лица биле примени за лекување поради убод од стршлен, а за жал од нив 18 го загубиле животот.

Властите предупредија жителите да бидат особено внимателни за да не дојде до нови трагедии.

 

 

26.09.2013 - 13:50
Фото: 
доктори.мк