Мартин Лутер Кинг и Мухамед Али биле шпионирани од НСА?

Американската НСА ги шпионирала и Мартин Лутер Кинг и боксерот Мухамед Али. Според најновите информации кои излегоа во јавноста, НСА шпионирала и други познати критичари поради оспорувањето на учеството на САД во војната во Виетнам со помош на својата тајна програма позната како "Призма".

Во период од неколку години, НСА ги шпионирала Мартин Лутер и неговиот колега Витни Јанг, боксерска ѕвезда Мухамед Али, како и  двајца членови на американскиот конгрес-сенаторот Френк Чрч од Ајдах и сенаторот Хјуард Бејкер од Тенеси и голем број новинари.

НСА соработувала и со останатите американски шпионски агенции за да направат листа на критичари на виетнамската војна и ги контролирале нивните разговори со странство.

Инаку, војанта во Виетнам траеше од 1955 до 1975 година меѓу Демократска Република Виетнам против Република Виетнам во сојуз со САД. За време на војната, повеќе од три милиони лица ги загубија животите.

26.09.2013 - 12:56

најчитано сега