Драма во скопски ресторан: Кршел чаши и бил агресивен со вработените
Драма се случила вчера во ресторан во Скопје. Имено, во полициска станица околу 01:50 часот пријавено е дека на ул. Венјамин Манчуковски во Скопје, во угостителски објект Н.Б. го нарушил јавниот ред и мир со кршење на чаши и други предмети и агресивно се однесувал кон вработените затоа што не му било дозволено да остане во објектот по завршувањето на работното време. Против Н.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
23.12.2018 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа