Тешка несреќа попладнево во Македонија: Младо момче загина, две лица тешко повредени

 

 Едно лице загина, а две се повредени откако автомобил излетал од коловозот на локален пат во близина на селото Падалишта, гостиварско.

Според првичните сознанија на полицијата, случајот бил пријавен околу 13 часот од службата за брза помош, каде биле донесени три лица. Тие со повреди биле извлечени од автомобил „фиат панда“ кој откако изгубил контрола излетал и се превртел неколку пати.

Набрзо по несреќата животот го загубил 21-годишен жител на Падалишта, другите двајца на возараст од 25 и 23 години се задобиле со тешки повреди. Во моментов увидна екипа и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега