Камион удри во пешак - инто пренесен во Ургентниот центар во Скопје
Вчера околу 12:00 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, и ул.„425“ и крак од ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Н.Д од Куманово, удрило во 60-годишната Д.П од Куманово.
Во незгодата Д.П. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар Скопје.Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се работи на расчистување на случајот
22.12.2018 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа