Возила се искршија во Скопје - има повредени
Во 01,40 часот било пријавено дека на крстосницата од улица “Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица “Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од 22-годишниот Е.З. од Скопје и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од 23-годишниот С.З. од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “Фолсваген голф“ Ф.З.(18), а со телесни повреди се здобила сопатничка од истото возило А.Ш.(20) од Струга, како и Е.З. констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа