ФОТО: Собранискиот спикер Вељановски се сретна со баронесата Д`Соуза
Денеска баронесата Д'Соуза, спикер на Горниот дом на британскиот Парламент, е во посета на Македонија.
Таа се поклони пред Споменикот на паднатите борци и положи свежо цвеќе, а оствари и средба со собранискиот спикер Вењановски, на која ја истакна поддршката на Британија за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО.
- Обединетото Кралство и Република Македонија имаат навистина силни пријателски врски. Ние секогаш го поддржуваме членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и правиме се што е можно тоа да се оствари, изјави баронесата Д'Соуза по средбата со собранискиот спикер, Вељановски.
Следна дестинација на баронесата е градот Тетово.
Фото:
МИА