Опра Винфри е во лоша психичка состојба

Најпознатата телевизиска личност во Америка, 59 годишната Опра Винфри призна дека минатата година била во многу лоша психичка состојба. Нејзиниот телевизиски канал ОWN не бил во најдобра состојба и во моментот кога го интервјуирала Џејсон Расел сфатила што всушност и се случува. Џејсон зборувал за својот нервен слом, кога Опра видела дека и таа се однесува слично како режисерот.

„Мозокот ми работеше забрзано, морав  да ги затворам очите додека читав, бидејќи толку многу зборови пред мене ми создаваа конфузија. Н е бев во состојба да одам по улица и да трчам гола , но дотигнав точка кога веќе не можев да издржам“, вели Опра. На неа и нејзината продукција паузата и беше неопходна.

 

После година дена од овој момент,  нејзината телевизиска мрежа се гледа во повеќе од 83 милиони американски домови.

24.09.2013 - 14:11

најчитано сега