ЦИА ги открива тајните документи за војните на Балканот

Документи од американската разузнавачка служба (ЦИА) кои официјално ќе бидат објавени кон почетокот на октомври, откриваат дека заменикот директор на ЦИА Џон Генон во еден момент на американскиот државен врв им предложил вооружување на муслиманите во БиХ, под услов Иранците кои имале се поголема улога во официјално Сараево, да бидат испратени во својата земја.

Во информацијата од состанокот од Белата куќа, свикан од ЦИА пет дена подоцна, јасно се гледа дека иранското прашање било едно од важните мотиви за вооружување на муслиманите. Американскиот претседател Бил Клинтон на тој состанок побарал информација за ангажманот на САД во вооружувањето и обуката на муслиманските сили.

Инаку, за документите кои се подготвуваат за објавување ќе зборува некогашниот американски претседател Бил Клинтон на конференција најавена за октомври.

 

На таа конференција се очекува да бидат понудени бројни одговори за улогата на американската администрација во воените случувања на просторот на поранешна Југославија. Се уште постојат бројни контраверзии околу тоа колку Американците помагале на едните, а одмагале на други завојувани страни. Беше очекувано дека бројните хашки судења ќе откријат значително повеќе податоци, но после одделни судски процеси останаа повеќе прашања отколку одговори, пишува сараевскиот портал Дневник.

24.09.2013 - 13:06

најчитано сега