Странски државјани купуваат имоти во Грција

 

Државјани на земји што не се членки на ЕУ масовно купуваат имоти во Грција, откако властите во Атина го донесоа законот за издавање визи за престој во земјата со рок на важност до пет години на лица што поседуваат недвижности на грчка територија, објави атинскиот весник „Имерсија“.

Согласно законот, странци кои на територијата на Грција поседуваат или се во фаза на стекнување на недвижен имот во вредност од над 250.000 евра, имаат право да добијат визи за петгодишен престој во земјата.

Грчките власти информираа дека првите визи за петгодишен престој веќе им се издадени на државјани на Русија, Украина, САД, Канада и  Кина, кои поседуваат имот во Грција. Врз основа на сопственост на имот барање за визи доставиле и државјани на Индија, Египет и Либан.

24.09.2013 - 13:08
Фото: 
Кајгана

најчитано сега