Драма по полноќ во Кисела Вода: Пожар ги разбуди станарите на зграда
Две патнички возила се опожарени во пожар што ноќеска се случил на улицата „Димо Хаџи -Димов“ број 123 во скопската населба Кисела Вода, јавува МИА.
Пожарот избувнал во гаража на зграда, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со 11 пожарникари и четири возила. Пожарот бил пријавен во 02:30 часот, а гаснењето траело до 05:40 часот.
Во пожарот е причинета материјална штета која допрва ќе се утврдува.
28.11.2018 - 11:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа