Во Колорадо се делеше бесплатен џоинт за оштетните во поплавите

Жителите на планинскиот град Болдер во Колорадо се обидуваат да се вратат на своите редовни активности, што вклучува и пушење марихуана.

Организаторите делеле бесплатен џоинт во трговскиот центар на градот. Ова е обид да се помогне на „корисниците кои се под стрес“, а кои можеби ги изгубиле своите залихи во поплавите, пишува „Хафингтон пост“. Исто така, ова е своевиден протест поради предложениот данок на продажба марихуана, а гласањето по таа тема ќе се одржи во ноември.

- Болдер е жртва на поплава. Сакаме да му ги олесниме маките на народот, рече Роб Кори, еден од организаторите на бесплатното делење на марихуана, додавајќи дека организаторите ќе примаат донации за помош на жртвите од поплавите.

Се почна кога Кори и неговите колеги пред две недели делеа бесплатни џоинти во Денвер во знак на поротест против предложениот данок. И покрај долгите редици и присуството на полицијата, никој не е уапсен, јави „Денвер пост“.

- Би сакала да добиев поголем џоинт. Најверојатно добив најмал. Но нема врска, бесплатен е, рече Џенет Озборн која чекаше во редот во Денвер, каде беа поделени повеќе од 600 џоинти

24.09.2013 - 09:48

најчитано сега