Киднапиран шпански новинар во Сирија

Бунтовниците во Сирија  го киднапираа специјалниот известувач на шпанскиот весник „Периодико“ , објави вчера  весникот во своето електронско издание. 

- Новинарот Марк Маргинедас е киднапиран во Сирија, наведува весникот, наведувајќи дека група бунтовници го држат како заложник веќе 20 дена.

Според весникот „Периодико“, новинарот патувал во автомобил со возач, кога бил киднапиран од исламистички бунтовници во близина на градот Хама во западниот дел на Сирија.

- Оттогаш не можеме да воспоставиме контакт со него, додава весникот.

 

24.09.2013 - 09:05

најчитано сега