Холандски државјанин уапсен во Кенија за учество во нападот во Најроби

Меѓу уапсените во врска со нападот во трговскиот центар во Најроби има и еден холандски државјанин.

Мухамед Хусеин Ахмед (38) е уапсен на аеродромот во Најроби, од каде што планирал да замине во Турција.

Холандското Министерство за надворешни работи се уште нема информации за својот државјанин, поврзан со терористичкиот напад во Кенија.

Во нападот на трговскиот центар меѓу загинатите 69 лица има и една холандска државјанка.

23.09.2013 - 16:42

најчитано сега