ФОТО: Череп од кокаин - ново уметничко дело
Мешајќи ја дрогата со желатин еден холандиски уметник успеал да направи човечки череп од кокаин. Ова уметничко дело е наречено "Ecce Animal", било направено по нарачка, а мистериозниот уметник одбил да даде било какви детали околу тоа.
Уметникот познат како Дидо, не ја тестирал дрогата лично, туку изнајмил лабораторија. Таму откриле дека дрогата е меѓу 15 и 20% чиста и дека е измешана со кофеин, парацетамол и шеќер.
За Дидо ова дело претставувало спој на две икони , черепот и кокаинот кои предизвикуваат дебата за природата на човекот.
Погледнете како тоа изгледа...