ФОТО: Ријана ужива на одморот во Тајланд
Повеќе од 9,8 милиони луѓе на Инстаграм во последните 24 часа можеа да видат како една од најпопуларните пејачки во светот се забавува во Тајланд.
Всушност, 25 годишната пејачка објави цел фото дневник од нејзиниот одмор. Уште од слетувањето на Тајланд во петокот, Рири, речиси секој интересен момен го сподели на Инстаграм.
Од позирања со животни , до фотографии во секси бикини и преубава природа, погледнете како нејзниот одмор е вистинско уживање.