Загинаа две лица а шестмина се повредени во Дагестан

Најмалку две лица загинаа, а шестмина се повредени денеска во самоубиствен напад со автомобил-бомба во Дагестан, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа руска република во Северен Кавказ.

Во инцидентот бил убиен  еден полицаец и еден соработник на Федералната миграциска служба. Петмина од повредените се здобиле со полесни повреди, а еден во тешка здравствена состојба.

 

Нападот бил извршен во близина на реонскиот оддел за внатрешни работи во село Хучни, во јужниот дел на Дагестан.

23.09.2013 - 11:34

најчитано сега