Ќе се истражува дали активистите на „Златна Зора“ биле обучувани од грчката армија

Грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулс побара да биде спроведена истрага во врска со тврдењата во весникот „То Вима“ дека активисти на неонацистичката партија Златна зора биле обучувани од инструктори на специјалните единици на армијата на Грција.

Тој побарал од началникот на Генералштабот на Вооружените сили веднаш да биде спроведена истрага и доколу се потвдат наводите во текстот да бидат преземни мерки против одговорните.

Во текст со наслов „Тајната војска на Златна зора“, се наведува дека активисти на оваа партија биле тајно обучувани од армиски инструктори.

 

„Во Златна зора има апсолутна воена структура и располагаме со околу 3.000 лица, подготвени за секакви дејствија, а поседуваме и околу 50 различни одреди за извршување напади,“ пишува весникот „То Вима“.

23.09.2013 - 11:28

најчитано сега