Се урна хеликоптер во Црвеното море

Американски хеликоптер, што полетал од брод од придружната ескадрила на носачот на авиони „Нимиц“ кој е стациониран во Црвено Море, се урна во морските води, соопшти Командата на Петтата американска флота стационирана во Бахреин.

Од петчлениот екипаж на хеликоптерот, спасени се тројца , додека пак двајца се водат за исчезнати.

Според Командата на Петтата американска флота стационирана во Бахреин, „нема знаци за непријателска активност“.

Во спасувачката операција се вклучени петте брода, хеликоптери и авиони од формацијата што го придружува носачот „Нимиц“, како и лесни десантни чамци.

 

23.09.2013 - 09:33
Фото: 
Идивиди

најчитано сега