Тројца венецуелски војници вмешани во шверцот на кокаин во францускиот авион

Под обвинение за вмешаност во шверцот на 1,3 тони кокаин откриени во летот на „Ер Франс“ на релација Каракас-Париз, властите во Венецуела уапсија тројца војници на Националната гарда.

Француските власти, пак, во врска со овој случај притворија шест лица - тројца Италијанци и тројца Британци.

Запленувањето на рекордното количество дрога се совпадна со новите обвинувања од Вашингтон дека Венецуела не успева соодветно да се бори против шверцот на кокаин од соседна Колумбија.

Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс ја оцени вредноста на дрогата на 50 милиони евра, но експерти тврдат дека вредноста на оваа пратка може да достигне 200 милиони евра.

 Компанијата „Ер Франс“ се уште се обидува да дознае како кокаинот бил внесен во авионот.

23.09.2013 - 09:15
Фото: 
Денешен