Тајфунот „Усаги“ усмрти 25 лица во Кина

Најмоќната тропска бура во светот годинава, тајфунот Усаги, досега предизвика смрт на 25 лица во јужна Кина.

„Усаги“ придружен од поројни дождови и ветришта со брзина од 165 километри на час синоќа пристигна до кинескиот град и одзема повеќе човечки животи, но и го парализира аеродромот во Хонг Конг, со што илјадници лица останаа заглавени.

Утрово авиокомпаниите ги информираа патниците дека шансите да полетаат во текот на денот се мали поради големиот број доцнења.

23.09.2013 - 09:10

најчитано сега