Меркел ги доведе своите конзервативци до историска победа

Ангела Меркел синоќа на изборите во Германија ги доведе своите конзервативци до историска победа. Со оваа победа Меркел само ја зацвртсува својата позиција на највлијателен лидер во Европа.

Сепак, и покрај победата, Меркел ќе треба „да пружи рака“ кон некои од незјините левоцентристички соперници за да состави нова влада, бидејќи нејзиниот досегашен коалициски партнер - Слободната демократска партија не освои ниту едно место во Бундестагот.

Инаку, Меркел се залага за силна економија и ниска невработеност, што и помогна нејзината лична популарност постојано да се држи рекордно високо ниво. Таа е канцелар од 2005 година и фактички лидер на европската реакција на кризата. 

Меркел веројатно на крајот ќе предводи или влада на „голма коалиција“ со левоцентристичката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) на нејзиниот главен ривал Пеер Штајнбрук, или, помалку веројатно, „црно-зелена“ коалиција со партијата Зелени. И во двата случаи се очекуват неколку недели тешки преговори.

- Топката е кај Меркел, изјави Штајнбрук по вчерашните избори на кои неговите социјалдемократи освоија 25,7 проценти, што е нешто подобар резултат од нивното најслабо повоено остварување од само 23 проценти пред четири години. - Не го постигнавме резултатот што го спосакувавме, призна Штајнбрук.

23.09.2013 - 09:01
Фото: 
А1.он

најчитано сега