По оставките во ВМРО-ДПМНЕ, вечерва состанок на партискиот Извршен комитет

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува состанок по серијата партиски оставки поради несогласување со актуелното раководство предводено од претседателот Христијан Мицкоски.

Оставка на претседателската функција во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе Даниела Рангелова, а потоа и нејзините први соработнички – Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Денеска оставка поднесе и Лука Кржалоски, претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. По овој  негов чин, оставки вечерва поднесоа и претседатели на неколку општински организации на УМС.

На вечерашниов состанок на највисокото тело на партијата му претходел состанок на Извршниот комитет на УМС. 

 

 

 

31.10.2018 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа