Турска актерка заврши во болница!

Турската глумица Берен Саат се повредила за време на снимање на филм и завршила во болница.

Актерката додека за време на една сцена скокала во вода, се повредила на дрвен кол и си ја исчашила раката. Иако и било понудено да одмара, а нејзината двојничка да ја замени во снимањето додека таа не се опорави, актерката одбила, бидејќи како што вели, самата одбрала да биде актерка и нејзина должност е да го заврши снимањето.

За среќа, при незгодата актерката не се здобила со некоја скршеница.

22.09.2013 - 14:39

најчитано сега