Во трговскиот центар во Најроби влегоа и израелски специјалци

Израелски специјални единици влегоа во трговскиот центар во Најроби, кој вчера беше нападнат од припадници на групата Ал Шабаб, кои се уште во „Вестгејт мол“ држат заложници.

 

„Израелците влегоа и им помагаат на заложниците и ранетите“, изјавил извор од безбедносните сили, кој побарал да остане анонимен.

Во нападот на трховскиот центар убиени се најмалку 59 лица, а речиси 200 се ранети.

 

Според Си-Ен-Ен исламистите за заложници држат ооколу 30 лица. Се претпоставува дека во зградата има меѓу 10 и 15 напаѓачи.

22.09.2013 - 14:08

најчитано сега